НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
1. Готовина
2. Безготовинско плаќање
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ
1. ЗЕМАЊЕ МЕРКИ И ПРОЕКТИРАЊЕ АРТИКЛИ ПО МЕРКА (КУЈНИ) КАКО И ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
Земањето мерки и 3Д планирањето е бесплатно. Издавање документација за кујните по мерка изнесува 600ден./м2 или минимум 3.000ден.
Дизајн на ентериер
Услугата дизајн на ентериер вклучува мерење на просторот, советување околу избор на мебел, боја на облогата (ѕидови и подови), проектирање, рендерирање и декорирање односно создавање на индивидуално решение за уредување на просторот и се наплаќа по цена од 600ден/м2.
2. УСЛУГА ЗА ДОСТАВА
Услугата за достава на купената роба ја даваме под следните услови
- пресметката на услугата за достава се врши на вредноста на купената роба без попуст. Доставата со внес во приземје е 2,2% од вредноста на купената роба +800ден, а без внес во приземје само 2,2% од вредноста на купената роба. МИНИМАЛЕН износ кој се наплаќа за достава со внес во приземје е 2.000ден или 1.200ден без внес во приземје. МАКСИМАЛЕН износ кој се наплаќа за достава е 7.400ден со внес во приземје или 6.600ден без внес во приземје.
- внесувањето на мебелот се наплаќа 800ден по кат, а купувачот е должен да осигура несметан пристап за внесување на робата.
- доставата се врши до влезот на објектот доколку има пристап за доставното возило, доколку нема, доставата се врши до најблиската точка каде може да пристигне доставното возило.
- Овие цени за достава се до 10км од најблискиот салон, за испорака поголема од 10км се наплаќа 60ден по километар во еден правец..
УСЛУГА ЗА МОНТАЖА
Услугата за монтажа на купената роба ви ја обезбедуваме под следните услови:
- артиклите се испорачуваат немонтирани
- услугата за монтажа се однесува на вредноста на артиклот без попуст
- за вредност на робата до 10.000ден монтажата се наплаќа минимално 1.500 ден.
- ако е вредноста на елементите кои се монтираат поголема од 10.000ден монтажата се наплаќа 15% од вредноста на елементите кои се монтираат од редовната цена, освен кујните и тапацираниот мебел.
- монтажа на кујните и ормарите по мерка се наплаќа 12% од вредноста на елементите кои се монтираат.
- монтажата на останатите кујни се наплаќа 15% од вредноста на елементите кои се монтираат
- монтажа на тапацираните гарнитури и лежаи се наплаќа 1.500ден, а монтажата на модуларните гарнитури се наплаќа 500ден по модул при што за раконаслоните не се пресметува монтажа.
- монтажа на тапацираните кревети се наплаќа 1.500ден, а монтажата на бокс креветите е 2.000ден.
- монтажа на трпезариските маси се наплаќа 1.500ден по маса, а на модуларните столици се наплаќа 200ден. по столица.
- вградувањето на кујнските апарати и садоперот е бесплатна ако се истите купени во Прима, во спротивно се наплаќа 1.500ден по апарат / садопер и 800ден за вградување на славина.
- електрично поврзување на апаратите не вршиме и поврзување со водовод на садоперот
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРОДАВАЧОТ, ПРИМА МЕБЕЛ ДОО – СКОПЈЕ (подолу: Општи услови)
-
Ако купувачот ја прифати понудата, должен е да уплати аванс во износ не помал од 30% од вкупната вредност на понудата за што му се издава авансна сметка.
-
Кај плаќањето на сметката авансот се пресемтува во крајниот износ.
-
Во случај на откажување на робата која е нарачана по мерка како што се: кујни по мерка, вградени ормари, нестандардни артикли и сл. а пред превземање на робата од страна на купувачот, продавачот има право да го задржи примениот аванс во износ од 30% од вкупната вредност на понудата на име штета.
-
Начинот на контакт помеѓу купувачот и продавачот до реализација на продажбата се наведуваат во понудата како број на телефон, мобилен, е-маил, адреса
-
Крајниот договорен датум на испорака до купувачот или кај личното превземање од магацин, спремноста на робата за испорака на купувачот е назначен на авансната фактуа / сметка.
-
По известувањето за спремноста на робата за испорака купувачот е должен најдоцна во рок од 5 работни дена да го подмири преостанатиот дел од вредноста на робата и услугите и да овозможи достава или кај личното превземање да ја превземе робата во рок од 10 дена
-
Во случај на спор купувачот и продавачот ќе пробаат спорот да го решат на мирен пат, а ако тоа не е можно спорот ќе го решава судот кој е надлежен во подрачјето каде е склучен договорот.
-
Враќањето на купената роба после превземањето од страна на купувачот е можно ако има оправдана рекламација или материјален недостаток.
-
За сите останати активноски поврзани со продажба и купување се важечките прописи на РМ