Спални соби

Спалната соба, која несомнено е омилено место речиси на секој, треба да биде уредена по сопствен вкус. Основна задача при уредувањето на спалната соба е создавање услови за квалитетно одморање во неа. Изборот на мебелот има особено влијание на функционалноста и изгледот на спалната соба.

Омилената спална соба на Примините купувачи ќе ве воодушеви со функционален дизајн што никогаш не излегува од стил! Вашата оаза на мирот, во собата во која почнува и завршува секој Ваш ден, заслужува посебно внимание. Во зависност од вашите потреби и на расположливиот простор, со програмата за спиење од Прима мебел секој може да ја пронајде својата идеална спална соба. Примините спални соби се наменети за секој дом како и хотели, пансиони, апартмани...

Од програмата на спални соби на Прима мебел може да се опреми целокупниот простор со елементи кои лесно може да се комбинираат: ормари, кревети, душеци и наддушеци, подници, комоди, ноќни ормарчиња,огледала,сталажи за куфери, закачалки, полици, табуретки и друго.

Достапна во различни бои и модели ќе ви овозможи бројни комбинации кои ке вклопите во вашиот ентериер.

Ормарите можат да бидат со лизгачки врати или со класично отварање, во повеќе димензии и изведби кои ќе послужат како оптимален организиран простор за сместување на облека.

Креветите може да бидат од масивно дрво, висококвалитетна иверица или пак тапацирани со ткаенина или екокожа. Во стандардни димензии на шитина од 120,140,160,180 и 200см и димензии на должина 190 и 200см. Тие може да имаат кутија или фиоки за постелнина.

Надополнување во просторот со цел да се добие дополнителен простор за складирање на облека или книги и играчки може да се постигне со комодите на Прима мебел.

Полиците можат да бидат како отворени ормари и висечки полици, тие се атестирани и лесно го надополнуваат просторот на детски и тинејџерски соби со цел да се зголеми просторот за сместување на книги и играчки.

За комплетен впечаток додадете табуретки, фотељи, кебиња, перници, декоративни пернициња како би го разубавиле најинтимното катче на Вашиот дом. А ние ви гарантираме максимална удобност преку целиот ден и во текот на ноќта.

Целиот асортиман на Прима Мебел е изработен по светски стандарди за квалитет со материјали од европско потекло. Постојано инвестираме во развој, слушајќи ги желбите и потребите на нашите клиенти користејќи материјали со врвен квалитет и инвентивен дизајн. Се стремиме кон извонредност во сите полиња - почнувајќи од концептот и развојот на производите, преку производство, логистика и транспорт, продажба, придружни активности и промоција на нашите производи, на кои гордо го ставаме брендот Прима.