НАТУР
Душекот Натур , висок 24 cm, е еден од најтешките во нашата понуда. Цврст е и издржлив, особено погоден за луѓе со поголема телесна тежина. Има две јадра во форма на џеб кои му даваат на душекот зголемена цврстина и анатомски својства, а со тоа обезбедува одлична поддршка за телото. Посебна карактеристика е исклучително деликатната и дишлива плетена навлака Tencel , која има способност да апсорбира големи количини на влага. Со овој душек, Прима ги препорачува подниците Strong Plus, Komfort Flex или Relax .
Пресек на душек:
Навлака - екстремно меката и прозрачна навлака на овој душек е направена од плетивото Tencel , које има способност да апсорбира големи количини на влага односно влагата не се задржува туку поминува низ влакната и многу брзо испарува од душекот со тоа што производите сo Тencel влакна се погодни и за лица кои имаат проблем со кожата, а поради брзото сушење штити од грини , бактерии и одбива молци .
Латекс пена – е еден од најпосакуваните материјали во производството на душеци поради неговата еластичност, приспособливост и добра спроводливост на влага. Покрај тоа, латексот е природен материјал добиен од млечниот сок на гуменото дрво, а неговите својства се ненадминати во однос на еластичноста и способноста за рамномерно распределување на притисокот на телото при сите точки.
2 џебни јадра – наместо едно погусто, две џебни јадра му обезбедуваат на душекот подобри анатомски својства, а вас уште подобар сон благодарение на оптималната поддршка за вашето тело преку 7 комфорни зони
Карактеристики:
- достапен во повеќе големини
- 7 комфорни зони
- различна цврстина – средно тврдо H3, тврдо H4
- висина 24 см
- носивост на душекот: <100 kg
- ротирајте хоризонтално
- практични рачки за вртење