Салони за мебел - Прима Мебел

достава и монтажа

Достава:
Испораката на купената стока ви ја овозможуваме под следните услови:

За секоја купена стока доставата изнесува:
- 690 денари до 10 км оддалеченост од салонот за Скопје
- 550 денари до 10 км оддалеченост од салонот за другите градови
- за оддалеченост повеќе од 10 км за достава се доплаќа по 70 ден/км во еден правец за сите градови.

Испораката на стоката се врши до влезот на објектот, а купувачот е должен да обезбеди простор за пристап на возилото и простор и пристап за внесување на стоката.

Монтажа:
Монтажата на купената стока ви ја овозможуваме под следните услови:

За вредност на стоката до 10.000,00 денари монтажата се наплаќа 600,00 денари.

За вредност на стоката над 10.000,00 ден монтажата се наплаќа 6% од износот на стоката што се монтира.

Монтажата на кујните се наплаќа 6% од вредноста на елементите кои се монтираат,а минимално 900,00денари.

Вградувањето на кујнските апарати е бесплатно под услов да се купени во „Прима Мебел“, во спротивно наплаќаме 300 денари по апарат.Не вршиме електрично поврзување на кујнските апарати.