Детски и тинејџерски соби - Прима Мебел

Се прикажуваат 1–11 од 11 резултати

Детски и тинејџерски соби

Прима мебел има голем асортиман на мебел за детски и тинејџерски соби кој ќе го претвори овој простор во најубавото и најфункционалното омилено катче на Вашето дете. Од програмата на детски и тинејџерски соби на Прима мебел може да се опреми целокупниот простор од детската и тинејџерската соба преку 20 елементи кои лесно може да се комбинираат: ормари, кревети, работна маса, столче, комоди, ноќни ормарчиња, полици, табуретки, вреќи и друго. Овие соби се наменети за момчиња и девојчиња од сите воздрасти. Современиот дизајн дозволува да е прилагоден на потребите на детето во сите фази на растење поради што може да бидат соби за деца и за тинејџери. Сите елементи од овие детски и тинејџерски соби се мултифункционални и целосно прилагодени на различните потреби на вашите деца. Детски и тинејџерски соби кои се дизајнирани и произведени во Прима мебел се состојат од голем број различни елементи - функционални, високо-квалитетни и модерни. За детските и тинејџерските соби клучна е и безбедноста – искучително високиот квалитет на материјали, заоблени рабови и се да се прилагодени на разиграноста во детскиот простор. Достапни во различни бои на фронт и корпус. Достапни бои на корпус се бела, бука, јавор, марабела и избелен бор. Достапни бои на фронтот се сина, зелена, крем, лаванда и црвена боја.
Креветите може да бидат самостоечки, ѕидни или кревети на кат. Со актуелни димензии од 200х90см и со можност за сместување на фиока во долниот дел од креветот со димензија од 190х80см. Намената на оваа фиока може да биде двојна, прва: со можност да се вметне душек во него и да послужи како дополнителен кревет или слободен простор кој што ќе послужи за складирање на постелнина или други работи. Во долниот дел од креветот може да се сместат и две фиоки со димензија од 100*80см како дополнителен простор за складирање.
Ормарите можат да бидат со лизгачки врати или со класично отварање, во повеќе димензии и изведби кои ќе послужат како оптимален организиран простор за сместување на облека.
Надополнување во просторот со цел да се добие дополнителен простор за складирање на облека или книги и играчки може да се постигне со комодите од детски и тинејџерски соби на Прима мебел.
Работните маси се со актуелна диманзија од 100х60см и 120х60см со заоблени рабови и со можност да имаат 1 или повеќе фиоки. Совршениот изглед и организираноста на овие маси му овозможува на вашето дете да има желба што повеќе да твори и да се надоградува користејќи ги овие производи од Прима мебел.
Полиците можат да бидат како отворени ормари и висечки полици, тие се атестирани и лесно го надополнуваат просторот на детски и тинејџерски соби со цел да се зголеми просторот за сместување на книги и играчки.
За комплетен впечаток додадете табуретки и вреќи како би го разубавиле детското катче. А ние ви гарантираме максимална удобност преку целиот ден и во текот на ноќта. Целиот асортиман на Прима Мебел е изработен по светски стандарди за квалитет со материјали од европско потекло. Постојано инвестираме во развој, слушајќи ги желбите и потребите на нашите клиенти користејќи материјали со врвен квалитет и инвентивен дизајн. Се стремиме кон извонредност во сите полиња - почнувајќи од концептот и развојот на производите, преку производство, логистика и транспорт, продажба, придружни активности и промоција на нашите производи, на кои гордо го ставаме брендот Прима.