Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

Што вклучува услугата за внатрешен дизајн во салоните на Прима

Фото: ДБлог/ Сања Тушек 

 

Дали знаете кои се дизајнерите на ентериер и што всушност прават?

 

Тие се експерти со извонредно чувство за дизајн на кои секогаш можеме да им се обратиме за помош. Дизајнерите на ентериер имаат многу остро и образувано око и разбираат како бојата, осветлувањето, големината и распоредот на мебелот и декорацијата влијаат на целосниот впечаток на просторот.

 

Дизајнерите ги трансформираат празните простори ограничени со ѕидови во пријатни средини каде што е задоволство да се престојува. Покрај тоа, дизајнерите на ентериер имаат асови во ракавите на кои повеќето луѓе не би ни помислиле. На пример, знаат дека впечатокот на топлина може да се внесе во домот со тапациран мебел и комбинација на различни текстури, а тоа може да се направи брзо и лесно со додавање на украсни перничиња во комплетот во дневната соба. Ова е широко распространет и познат факт, но и покрај ова, многумина не знаат колку перници се доволни и кои материјали се компатибилни. Дизајнер на ентериер ќе знае дека оптималната количина зависи од големината на вашиот комплет, кој е во опсег од две до шест дополнителни перничиња.

 

Фото: ДБлог/ Сања Тушек 

 

Но внатрешниот дизајн е многу повеќе од перници и завеси. Во неговото јадро, дизајнот на ентериер е вешта комбинација на елементи кои се надополнуваат еден со друг. Професионалните дизајнери имаат моќ да ги трансформираат животите на луѓето преку правилен дизајн на просторот.

 

Без разлика на стилот, големината на буџетот и квадратурата што ја имате, нашите продажни консултанти и дизајнери на ентериер во сите 8 салони на Прима низ Македонија, ќе ви помогнат да го најдете најдоброто решение за вашиот ентериер во обемната понуда на Прима.

 

Што вклучува услугата за внатрешен дизајн?

 

Процесот на сервисирање е поделен на два дела.

 

  • Првиот дел започнува со договарање на услугата, потоа мерење на просторот и консултации во однос на изборот на боите на облогите (ѕидови и подови), рендерирање и украсување, односно креирање на индивидуално идејно решение за уредување на просторот. Цената на услугата е 500ден/м2 простор, а членовите на Клубот Прима заштедуваат 20 % на услугата за внатрешен дизајн.

 

  • Вториот дел опфаќа имплементација на целиот проект - од нарачка, преку надзор на испорака до монтажа и декорација.

 

1. КОНТАКТИРАЊЕ СО САЛОНОТ

Доколку сте заинтересирани за услугата, контактирајте нѐ преку мејл адресата: web@prima-mebel.mk или пополнете ја контакт-формата и со избирање на услугата за внатрешен дизајн во паѓачкото мени, накратко опишете го просторот што би сакале да се дизајнира (намена, квадратура, специфики итн.), наведувајќи го најблискиот салон на Прима каде што ќе се одржи состанокот.

 

Фото: ДБлог/ Сања Тушек 

 

2. ЗАПОЗНАВАЊЕ

Кога ќе го посетите најблискиот салон на Прима кој ја обезбедува оваа услуга, избраниот дизајнер на ентериер го презема вашиот проект и ве запознава со сите следни чекори на услугата. Од тој момент, дизајнерот на ентериер е вашиот главен и единствен контакт во реализацијата на целиот проект.

 

Консултациите во нашата канцеларија се неопходни за да ве водиме низ нашата богата понуда на мебел и украси и со ваше водство да го создадеме најдоброто идејно решение за ентериерот.

 

3. УРЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА

 

Дизајнерот на ентериер ги објаснува сите чекори на проектот и ве информира за цената на целата услуга.

 

4. ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ТЕРЕН И МЕРЕЊЕ

 

Дизајнерот на ентериер на Прима доаѓа на вашата локација, ја обиколува надворешноста за да добие целосен впечаток за објектот и неговата околина, прави точни внатрешни мерења, ја евидентира локацијата на инсталациите и ги проверува деталите за изградбата. Сето ова се клучни информации кои ги земаме предвид при предлагање внатрешен дизајн, со цел да ги задоволиме сите ваши желби и потреби.

 

Фото: ДБлог/ Боба Блашковиќ 

 

5. ПРЕДЛОГ-ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

 

По деталното мерење на просторот, дизајнерот на ентериер создава предлог-решение во согласност со вашите коментари. Решението е создадено во 3Д CAD систем кој овозможува 3Д приказ и просторен план на мебел и украси. Целата документација за предложеното решение можете да ја добиете во салонот заедно со списокот на избрани производи која се наплаќа 500ден/м2.

 

Фото: Прима

 

6. НАРАЧКА

Кога ќе го потврдите идејното решение и ќе одлучите да продолжите со услугата, дизајнерот на ентериер го нарачува избраниот мебел и украси и го започнува процесот на производство.

 

Фото: ДБлог/ Боба Блашковиќ 

 

7. НАДЗОР НА ИСПОРАКА И МОНТАЖА

 

За да не се грижите за правилната испорака, дизајнерот ќе ја надгледува испораката и склопувањето и ќе го следи договорениот 3Д приказ и списокот на производи. Нашиот тим од професионални монтери пристигнува на локацијата со идејното решение и сите нарачани производи, а најдобриот дел од услугата започнува. Од детален 3Д-план и презентација на хартија до целосно опремен простор за живеење прилагоден на вашите потреби, услугата за внатрешен дизајн на Прима ви нуди квалитетен живот со стил. Услугите за испорака и монтажа се наплаќаат дополнително.

 

Фото: ДБлог/ Боба Блашковиќ 

 

8. ДЕКОРИРАЊЕ

 

Како дел од услугата, дизајнерот ви нуди и декорација со украси за домот на COCO maison и Atmosphere, кои можете да ги најдете исклучиво во салоните на Прима.

 

9. ЗАВРШНА ПОСЕТА

 

Се грижиме за вас и по завршувањето на целата реализација на проектот. Во последната фаза од услугата, еден месец по инсталацијата, дизајнерот кој го дизајнирал вашиот ентериер прави последна посета затоа што ги цениме вашите повратни информации и затоа што вашето задоволство при користењето на сите производи е важно за нас.

 

Погледнете ги нашите примери за внатрешен дизајн:

 

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет