-
11.5.2020
- Savjeti
Првиот впечаток е најбитен
Никој не може да ја оспори важноста на првиот впечаток. Првиот впечаток не мора да биде пресуден, но ако е лош потребно е многу време за да се исправи. Ако до сега не сте размислувале, можеби оваа пауза во која избегнуваме посета на домот од пријатели, е идеална да внесете малку живост во нашите предсобја и ходници.
Уредувањето на просторот мора да биде во склад со останатите простори во домот, така да гостинот веќе со самиот влез добие впечаток што го очекува. Често самиот влез во станот или куќата е мрачен бидејќи нема дневно светло па е важно да се обрати внимание на осветлувањето.
Ако се одлучите за тепих, одберете некој со мала димензија и загасити тонови како би се подобро прикриле нечистотиите и који можат лесно да се исчистат. На ѕидот или ормарот најчесто се одбира големо огледало кое визуелно го зголемува просторот и му дава дополнителна светлина.
Во зависно од големината, одредите кои се потребни елементи како вашето предсобје би било функционално. Идеално е да има табуретка, фотеља или клупа (која може да послужи и за складирање) на која сите радо ќе седнат при облекувањето или ваѓањето на чевлите.
Исто така, без закачалка ни едно предсобје не е пополно. Ормар за чевли и капути или само ниски ормарчиња – се зависи од големината на просторот. Оставете одличен прв впечаток и импресионирајте ги своите гости штом зачекорат во вашиот дом.