-
27.3.2023
- Novosti
Прима ве чека на Саемот на мебел
Оваа година од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот на мебел, под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен капацитет на салата, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.
Прима мебел како еден од водечките брендови во оваа индустрија ќе учествува на Саемот и ќе ги изложи своите производи со саемски намалени цени. Ова е вистинско време за вистински промени во домот!
За време на Саемот на мебел, Прима ви нуди 50 % попуст на кујните по мерка, 40 % намалување на тапацираните гарнитури, како и дополнителни 10 % попуст на останатиот мебел, вклучително и на асортиманот опфатен со ХИТ цени. Вашето присуство ќе биде „зачинето“и со вкусните делиции подготвени од страна на шефот Марк де Јонг кој е постојано дел од настаните кои ги организираме. Па, така шефот Марк де Јонг ќе готви на нашиот штанд на Саемот на мебел на 1 април. Дојдете, одберете, искористете ги големите попусти и уживајте во закуските на нашиот најпознат готвач. Ве очекуваме!