Остануваат уште само неколку дена до големата прослава на 20 јули во Чаир за кој освен најновите колекции на мебел дизајниран и изработен во Хрватска, сите посетители ги очекуваат многубројни изненадувања, игри, подароци или, со еден збор вистинска роденденска радост!
Токму затоа Прима ги повикува сите да дојдат в сабота, на 20.7 во салонот во Чаир кој се наоѓа на улица Македонско- Косовска бригада бр.73 во периодот од 12 до 13 часот кога започнува големиот Treasure hunt во кој посетителите ќе треба да ги бараат скриените ваучери низ мебелот или декорациите за дом, кои ќе им донесат 9 специјални подароци, како и главниот подарок еден од нивните најпродавани артикли, регалот Феликс.
Но кога се работи за Прима, на нејзините прослави посетителите не се радуваат само еднаш, туку неколку пати.