Откријте зошто новата колекција на кујни по мерка во Прима е единствена на пазарот

Исто како што ги избирате совршените состојки за најдобрите оброци, сега можете да изберете кујна која совршено ќе одговара на вашиот стил, простор и потреби. Новата колекција на кујни по мерка на Прима носи иновативни решенија кои комбинираат функционалност и дизајн - прилагодени на секој агол од вашиот дом. Време е за кујна која не само што импресионира со својот изглед, туку и го олеснува вашето секојдневие. Од денес на менито - нова колекција на кујни!

 

 

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА КУЈНИТЕ ПО МЕРКА НА ПРИМА

 

Кујните по мерка од новата колекција на Прима, со својата функционалност и изглед, се прилагодени на современиот купувач, неговиот животен простор и секојдневните навики. Тие се создадени од тимот на експерти на Прима кои се секогаш во тек со најновите трендови во индустријата за мебел. За време на Месецот на кујни во Прима кој трае до 23.10 сите кујни по мерка можете да ги најдете по намалени цени до 60 % и со бесплатна монтажа. Затоа, не чекајте затоа што сега е совршено време за вашата нова кујна!

 

ОГРОМНА ПАЛЕТА НА НОВИ ДЕКОРАЦИИ И МАТЕРИЈАЛИ

 

Во оваа колекција ќе ве воодушеват новите декори во атрактивни бои како црно-сина и црно-зелена, како и издржливите материјали кои гарантираат практичност и долговечност. Еден од клучните материјали од оваа колекција е материјалот MDF optiface мат, кој се користи во кујните Либерта Некст и Оптима Некст. Овој материјал не е само естетски привлечен, туку и функционален поради тоа што лесно се одржува и е отпорен на гребење, со помалку видливи отпечатоци од прстите. Откријте ги сите привлечности на едноставното одржување на кујната.

 

 

ВО КУЈНИТЕ НА ПРИМА ГОТВЕЊЕТО Е ЗАДОВОЛСТВО

 

Тимот за дизајн на ентериер на Прима разви голем број иновации, дури и за кујни од под до таван со што кујната ќе биде совршено прилагодена на вашиот простор. Можете да го изберете секој дел, дури и најмалиот детал од кујната како на пример оковот, со што ќе ја направите кујната посебна и 100 % во ваш стил – единствен начин со кој добивате уникатна кујна по мерка.

 

 

НАПРАВЕТЕ ЈА КУЈНАТА 100 % ВАША

 

Оставете ја вашата фантазија да ја искреира кујната, и не грижете се: бидејќи каква кујна и да замислите, ние ќе ја изработиме! Новата колекција ви овозможува да комбинирате различни бои и текстури – од крем шампањ и црвена акаи до кашмир и црно-зелена боја. Кујните можат да бидат сјајни, мат или лакирани, а вие избирате дали боите на фронтовите и надворешните делови на кабинетот, како што се крајните страници, ќе бидат во модерен контраст или хармонично поврзани во иста боја и декор.

 

 

Линда, Перла, Амелија, Стела... Секој модел по мерка е уникатен, но доаѓа со голем број опции со кои можете дополнително да ја збогатите и персонализирате вашата кујна - од стаклени предни страни и алуминиумски рамки до лајсни, различни рачки, лесно одржливи работни површини и модерни ѕидни облоги кои се совршена алтернатива на класичните плочки. Обликувајте го секој детал според вашите желби!

 

MUST HAVE – КУЈНА ОСТРОВ ИЛИ БАР

 

Најдобар додаток на секоја кујна е практичен кујнски остров или шанк, кој се прилагодува на вашите димензии и совршено го надополнува просторот на вашата модерна кујна од соништата. Во понудата можете да најдете готови верзии на островот и шанкот, а дизајнерите во салоните на Прима можат да создадат опција само за вас со посебени елементи и димензии. Направете кујна која совршено ви одговара!

 

 

ВАЖНИ СЕ ДЕТАЛИТЕ

 

Рачки, лајсни, полици, приклучници... Деталите се важни и го комплетираат дизајнот на вашата кујна, дури и ако се скриени, во вид на практични решенија за складирање и организација.

 

 

Практичните решенија за отстранување, селектирање и организација на отпадот се дизајнирани да ја направат вашата кујна не само убава, туку и функционална. Иновативниот дизајн на штекерите што може да се извлечат кога ви требаат, придонесува за елеганција и практичност, а во исто време не ја нарушуваат естетиката на вашата кујна. Практичните полици што се извлекуваат се иновативно и ергономско решение за складирање на зачини, зимница или храна која секогаш треба да ви биде на дофат на раката. За уште подобра организација во фиоките, изберете додаток за складирање на прибор за јадење.

 

Оваа поплитка „скриена“ фиока е поставена на врвот на подлабоката фиока кои се отвораат заедно. Отклучете ја со притискање на копчето со што ќе пристапите до поретко користените предмети складирани на дното на фиоката. Придобивката на кујните по мерка е во тоа што во нив паметно се користи секој сантиметар од просторот, па дури и полицата под мијалникот, која е идеална за складирање на алатки за чистење на кујната. Секој агол е испланиран за да добиете максимална функционалност!

 

 

 

ИСКУСТВО ЗА ПАМЕТЕЊЕ

 

Внесете посебна атмосфера во вашата нова кујна со различните видови на вградено осветлување, кое може да биде, на пример, под горните елементи или во стаклените елементи.

 

Со новите кујни на Прима, заборавете на чкрипење, тропање, гребење... Секоја кујна има механизам за меко затворање, односно забавувачи на вратите и фиоките за бесшумно затворање.

 

 

Доколку се одлучите за кујна со елегантен минималистички дизајн, како што е Либерта Некст, најдобро решение е tip-on  механизмот кој овозможува лесно отворање и затворање на елементите со лесен притисок.

 

 

Практично решение за кујните кои одат до таванот се шарките на предните делови за закачување елементи кои се отвораат нагоре за лесен пристап до кујнскиот прибор.

 

Искусете ја функционалноста во секој детал!

 

 

Опремете ги модерните Прима кујни со украси и практични додатоци од брендот COCO maison кои се достапни во нашите салони.

 

ВАШАТА ДОЗА НА ИНСПИРАЦИЈА

 

Покрај новиот Прима леток посветен на Месецот на кујните, инспирација за украсување по ваша мерка можете да најдете на веб-страницата, каде што можете да ги дознаете деталите за секоја кујна по мерка.

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет