Направете го вашиот шопинг од удобноста на вашиот дом! Прима Мебел сега има веб-продавница - сè за вашиот дом, на едно место, онлајн!

Нова услуга – дизајн на ентериер во салоните на ПРИМА!

Што значи оваа услуга за купувачите на ПРИМА?

Услугата дизајн на ентериер е процес потполно прилагоден на индивидуалните потреби и визии на нашите купувачи кои во понудата можат да пронајдат идеално решение за секој ентериер, независно од стилот и дизајнот на домот како и големината на буџетот и квадратурата со која располагаат.

Кој ја спроведува услугата дизајн на ентериер?

Нашите специјалисти за дизајн на ентериер во потполност ќе се посветат на вашите потреби и желби, ќе ја пренесат вашата визија за ентериерот во идејно решение, а потоа ќе креираат дом по ваша мерка.

Што вклучува услугата и која е нејзината цена?

Процесот на услугата е поделен на два дела:

  • Првиот дел започнува со договарање на услугата, потоа мерење на просторот и советување за изборот на бои на ѕидови и подови, рендерирање и украсување или креирање на индивидуално идејно решение за уредување. Се наплаќа по цена од 250 ден/м2 простор.
  • Вториот дел опфаќа реализација на целиот проект - од нарачка, преку надзор на испораката и монтажата како и декорирање.

Во договор со специјалистот услугата може да се плати и преку банка. 

Како да ја нарачате услугата?

Процесот за дизајн на ентериер се состои од неколку едноставни чекори:

  • КОНТАКТ СО САЛОНОТ

Ако сте заинтересирани за услугата јаветени се преку емаил web@prima-mebel.mk или пополнете го контакт образецот со избирање на услугата дизајн на ентериер во менито и кратко опишете ни го просторот кој би сакале да го дизајнирате (цел, квадратура, специфичност итн.), со наведување во кој најблисок салон на ПРИМА би сакале да се одржи состанокот.

  • ЗАПОЗНАВАЊЕ

При посетата на најблискиот салон на ПРИМА кој ја нуди оваа услуга, одбраниот специјалист за дизајн на ентериер го превзема вашиот проект и ве запознава со сите наредни чекори од услугата. Од тој момент спедијалистот е вашиот главен и единствен контакт во реализацијата на целиот проект.

КОнсултациите во нашиот салон се потребни како би ве воделе низ нашата богата понуда на мебел и декорации како и со вашите насоки би креирале најдобро идејно решение за ентериерот.

  • ДОГОВАРАЊЕ НА УСЛУГАТА

Специјалистот ви ги презентира сите чекори на проектот и ве запознава со цената на цела услуга.

  • ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ТЕРЕН И ЗЕМАЊЕ МЕРКИ

Специјалистот на ПРИМА за уредување на ентериер доаѓа на локацијата на вашиот простор, го обиколува екстериерот како би стекнал впечаток на објектот и околината и ги собира точните мерки од ентериерот, ја забележува точната позиција на инсталациите и ги проверува деталите од изградбата. Сите се овие клучни информации за кои водиме грижа при предлогот за дизајн на ентериер како ви ги задоволиле сите ваши желби и потреби.

  • ПРЕДЛОГ ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

После деталните мерења на просторот, специјалистот за дизајн на ентериер изработува предлог решение во согласност со вашите напомени. Решението се изработува во 3D CAD системот кој овозможува 3D приказ и просторен план на мебелот и декорициите. Цела документација за предложеното решение го добивате во салонот со попис на одбраните производи и се наплаќа 250ден/м2.

  • НАРАЧКА

Кога ќе го потврдите идејното решение и ќе одлучите да продолжите со услугата специјалистот го нарачува одбраниот мебел и декорациите и започнува процесот на производство.

  • НАДЗОР НА ДОСТАВАТА И МОНТАЖАТА

За да не мора да водите грижа за исправноста на испораката, специјалистот ќе го надгледува целиот процес на достава и монтажа и ќе го прати договорениот 3D приказ и пописот на производи. Нашиот тим на стручни монтери доаѓа на локацијата со идејното решение и со сите нарачани производи и најдобриот дел од услугата започнува. Од детален 3D план и приказ на хартија до потполно опремен животен простор по ваша мерка. ПРИМА со услугата дизајн на ентериер ви нуди квалитетен живот со стил. Услугата достава и монтажа се наплаќаат дополнително.

  • ДЕКОРИРАЊЕ

Покрај овие услуги, специјалистот ви нуди и декорирање на просторот со COCO maison декорациите за дом кој ексклузивно може да ги најдете во салоните на ПРИМА.

  • ЗАВРШНА ПОСЕТА

Ние се грижиме за вас и после целата реализација на проектот. Во крајниот стадиум на услугата, месец дена после монтажата, специјалистот кој го дизајнирал вашиот ентериер врши завршна посета бидејќи ја цениме вашата повратна информација и важно ни е вашето задоволство при користењето на сите производи.

Погледнете примери од дизајн на ентериери:

Сподели:

  • Сопствено производство
    Прима за Вас управува со комплетниот процес на производство на мебел, од развој на производот, производството до доставата и монтажата.
  • Суровина
    Прима користи исклучиво Хрватска суровина за изработка на мебелот на Прима.
  • Гаранција за квалитет
    Прима, сертифициран производител на мебел, гарантира за врвен квалитет со контрола на добавувачите.
  • Кратки рокови на достава
    Сопствен развој на производот, производство, достава и монтажа овозможуваат кратки рокови на испорака на нашите купувачи.
  • Разгранета мрежа
    Прима е најголем малопродажен ланец на мебел со 57 салони во Хрвтска и 8 салони во Македонија.
  • Брза достава и монтажа
    Сопственото производство и брзата изработка овозможуваат квалитетна и брза достава и монтажа во Вашиот дом.
  • Стручно советување
    Врвниот тим на стручњаци во Прима е на Ваша услуга при правењето на целосно решение за опремување на стан, апартман или куќа за одмор.
  • Индивидуален пристап
    За Вас правиме бесплатно мерење во Вашиот дом и предлог за идејно решение за опремување на ентериерот.
  • Хрватски дизајн
  • Хрватско производство
  • Хрватски квалитет